СДСМ: Расте деструктивното однесување на ВМРО кочничарска ДПМНЕ бидејќи знаат дека на 12 април повторно ќе бидат поразени

Од:

„Деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ расте како што расте и нивниот страв од извесниот зборен пораз.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Владимир Ѓорчев го кочат носењето на законските измени за зголемување на пензиите за 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери.

Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните“, велат од СДСМ.

„ВМРО кочничарска ДПМНЕ ги блокира и демократските процеси. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат една изборна единица, затоа што знаат дека граѓаните не го сакаат Мицкоски кој се плашид гласот на граѓаните.

Не го поддржуваат ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството и се стваат против членството во НАТО.

Им пречел уставното име на земјата, истот име кое не им пречи кога шетаат по службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни НАТО настани потпишани под името Северна Македонија.

ВМРО ДПМНЕ нема програма на 3 месеци пред избори, а наместо реална програма Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати.

ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и ќе потврдат дека треба да продолжиме на прав пат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела