СДСМ: Распишувањето на претседателските избори навестува една добра вест за граѓаните и една очекувана за Мицкоски

Од:

За граѓаните, распишувањетo на претседателските избори навестува време за избор нов, вистински претседател на сите граѓани, кој заедно со Владата предводена од СДСМ ќе работи за државата, за народот, за иднината, за интеграцијата во ЕУ, велат од СДСМ во нивното соопштение.

„Граѓаните нема да дозволат нов Иванов.

Македонија тргна напред, го доби своето место во НАТО, иднината е обезбедена и сигурна, време е за нови чекори за интеграција во ЕУ, засилен економски раст, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните.

Затоа, распишувањето на претседателските избори навестува и една очекувана вест за антизападниот Христијан Хидро Мицкоски: го чека пораз на изборите заедно со неговиот кандидат“, се наведува во партиското соопштение.

Граѓаните сакаат напредок, иднина, развој, интеграција, велат од СДСМ и додаваат тие не сакаат деструкција, назадување, блокирање, враќање назад.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он