СДСМ: Признанието на Арсовска за диловите на Мицкоски нова причина институциите да го истражат случајот

Од:

Арсовска вчера ги потврди диловите кои Христијан Мицкоски јавно ги соопшти, за тендери за автобуси во Скопје велат од СДСМ во соопштение.

– Арсовска нема одговор од кого Мицкоски добил овластување и во кое својство, како претседател на политичка партија преговара за јавна набавка на локална самоуправа со парите на скопјани. Јавноста заслужува да знае дали реализацијата на проектот БРТ за еколошки и ефикасен јавен транспорт во Скопје е стопиран од Арсовска заради диловите на Мицкоски? Признанието на Арсовска отвара сериозен сомнеж за корупција и криминал и претставува дополнителна причина надлежните институции да постапат и да го истражат овој случај, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември