СДСМ: Примерот со Србија каде Бехтел гради со ист закон и договор ја демаскира хајката на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Хајката на ВМРО-ДПМНЕ против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10 Д е демаскирана велат од СДСМ.

– Со истиот посебен закон и со истиот договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што државните власти вчера пуштија во употреба дел од автопатот на Моравскиот коридор. И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација. ВМРО-ДПМНЕ е против секој успех и напредок на државата и од политички и лукративни причини води хајка против изградбата на коридорите и против Бехтел и Енка, која се базира на лаги и невистини. Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, туку само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување на штета на граѓаните и на државата, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус