СДСМ Прилеп: Ристески собери храброст да им објасниш на прилепчани што направи во изминативе 8 години

Од:

„Господине Марјан Ристески, по не знаеме кој пат, те повикуваме, наместо да се задскриваш зад други лица, да собереш храброст да се појавиш и лично да им објасниш на прилепчани што направи за нив во изминативе 8 години. Да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто потроши над 130 милиони евра на паркови и урбани шминки, кога тие едвај врзуваат крај со крај.

– Да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто нема ниту сериозна или капитална инвестиција во нивната населба, и каде завршија парите предвидени за тоа? Да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто дупло ги зголеми давачките за вода и ѓубретарина?

– Господине Марјан Ристески, да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто со нивни пари го прошета цел свет, а не донесе ниту едно евро странска инвестиција и не создаде услови за ниту едно ново работно место. Господине Марјан Ристески, да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто додека тие немаат ниту за храна, ти купуваш нов џип, носиш кошули од 300 евра и си ги вработи сите членови на потесното семејство.

– Да им објасниш, зошто се криеш од членовите на ДПМНЕ, кои изневерени и излажани за вработување, секој ден те бараат во општинската зграда и штабот на ДПМНЕ. Да им објасниш, за твојата пријателка и претседател на Совет- Гордана Мицеска, која зема две плати, и за лажниот патриот Димитар Стевананџија, кој си го згрижи потесното семејство и си ја вработи сестрата како професорка.

– Да им објасниш, зошто ги остави младите без иднина во Прилеп? Во 8 години, илјада зошто, но ниту едно затоа, од страна на Марјан Ристески“, се вели во писмената реакција на СДСМ, упатена до прилепскиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел