А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ Прилеп: Ќе има гасификација на Прилеп за живот за сите

by А1он27/09/2017 - 16:36227
Share0

„Три изборни циклуси, Марјан Ристески, лажно ветуваше гасификација на Прилеп. Наместо за гасификација, тој бесрамно ги трошеше парите на граѓаните за прошетки во Австралија, Америка, Европа.

Добивај вести на вибер

Со програмата „Живот во Прилеп за сите“ се обврзавме на целосна гасификација на Прилеп. Тоа и ќе го направиме. За нас, зборот е збор!
Со помош на Владата предводена од СДСМ, цела Македонија ќе биде поврзана со ТАП, еден од најпознатите европски гасоводни системи, како и со преносните системи на соседните земји.

По примерот на Струмица, каде успешно функционира гасификацијата, ќе го гасифицираме и Прилеп. Новата локална власт во Прилеп, со Илија Јованоски и СДСМ, ќе изгради 30 киломтери гасоводна мрежа низ Прилеп, и тоа до сите поголеми потрошувачи, како и обиколен прстен со должина од 18 километри.

Ќе ги поврземе со гас сите домаќинства и голем број јавни и административни објекти (училишта, градинки, старски дом, ученички дом, болница, администрација.

Граѓаните ќе плаќаат до 40% намалени сметки за греење. Тоа се повеќе пари во семејниот буџет за храна, за облека, за школски прибор за децата.

Фирмите ќе имаат заштеди во милиони денари, кои ќе може да ги инвестираат во отворање нови работни места.

Училиштата ќе ги користат заштедените пари за нови прозорци, врати, ефикасни фасади кој топлат, за нови табли, квалитетни столчиња, маси за седење, нови кабинети за практична настава на учениците, и многу други работи. Во Прилеп ќе има живот за сите“ велат од СДСМ Прилеп.

lokalni izboriprilepsdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто