(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Каде се новите пешачки мостови во Прилеп?

Од:

„Овој месец се навршуваат три години од третиот мандат на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, којшто буквално го преспа!

На последните избори, Марјан Ристески вети изградба на два нови пешачки мостови на градската река во Прилеп до крајот на 2013 година.

Денес, со намера да прошетаме преку новите мостови, ги побаравме, но за жал не успеавме да ги пронајдеме“, рече Валентин Божиноски – член на Советот на Општина Прилеп.

„Поразговаравме и со граѓаните на Прилеп, но ниту тие не виделе нови мостови.

Нови пешачки мостови нема, не постојат. Марјан Ристески излажа!

Токму на ова место, кадешто сега стоиме,требаше да биде изграден нов пешачки мост кој ќе излегува на улицата кај музичкото училиште, а со којшто ќе се подобреше сигурноста на пешаците.

Вториот пешачки мост, требаше да биде кај ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, со којшто особено ќе се подобреше заштитата на учениците коишто се движат во овој дел.

Да потсетиме, Марјан Ристески вети и реконструкција на пешачкиот мост кај новиот трговски центар до крајот на 2013, но исто така и за тоа излажа!

Проектираните пари за овие три моста во висина од 4.5 милиони денари, ги нема ниту во буџетот на општина Прилеп за 2016, што значи дека локалната власт нема пари за овие проекти.

Ако нови пешачки мостови не се приоритет за градоначалникот Ристески, тогаш на што ги потроши предвидените пари?

Дали парите се потрошени за службените посети на градоначалникот Ристески на Австралија, од кои сѐ уште не видовме никаков бенефит за Прилеп?

За ова граѓаните не можат да слушнат ништо на режимските медиуми коишто платени со пари на граѓаните шират само лаги. Затоа се потребни слободни медиуми, граѓаните на Прилеп, на цела Македонија, да бидат навремено и реално информирани.

Почитувани граѓани, доаѓа време кога криминална власт на Никола Груевски ќе одговора за трошењето на народните пари до последен денар! Доаѓа време на промени.

СДСМ ќе ги врати приоритетите на граѓаните на прво место!

Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори со прочистен избирачки список и регулација на медиумите“, изјави Божиноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел