СДСМ Прилеп: Денот на смртта на Тамара да биде ден на борба со сколизозата во Македонија

Од:

Во организација на Комисијата за здравство и Комисијата за образование при ОО СДСМ Прилеп, вчера се одржа едукативна трибина на тема „Сколиоза – состојба, а не болест“.

„Со свои стручни излагања по темата се обратија Dr sci Гордана Антулеска Белческа – Специјалист радиолог, којашто направи осврт на медицинскиот аспект на проблемот со сколиозата кај младата популација и м-р Јасмина Мицеска со фокус на појавата на сколиоза во образовниот процес на младите.

Последните податоци говорат дека постои пораст на појавата на сколиоза кај децата, а како причинители за тоа, покрај физичката неактивност и лошата навика на седење пред компјутер, се наведуваат и прекумерниот обем на часови, тешките училишни торби и неприлагодената висина на училишното столче.

DSCN8835

Беа изнесени предлози за зголемување на бројот на часови по физичко образование во училиштата, како и вршење на систематски преглед секоја учебна година, со цел подобрување на состојбата со сколиозата кај учениците.

Исто така се нагласи потребата од донесување национална стратегија за борба со сколиозата во Република Македонија.

Како заклучок од дебатата произлезе предлог за покренување иницијатива, 9-ти Февруари – денот на смртта на малата Тамара од Велес, да биде прогласен за ден на борба против сколиозата во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел