СДСМ: Предлогот на ВМРО ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат

Од:

После отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат за министер за внатрешни работи, соопштија од СДСМ.

-Уставот е јасен, согласно членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција.

Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат.

Не може да се повикувате на право, а да промовирате предлози спротивни на Уставот. Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип.

Политички е целосно погрешно да се промовира кршење на највисокиот правен акт во државата Уставот. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози.

Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април, соопштија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?