СДСМ пред реформирање или расформирање?

Од:

Опозициската СДСМ се соочува со сериозен предизвик. Дали ќе дозволат дворските игри и нечии апетити да го поматат демократскиот чин на избор на нов лидер на Конгресот, закажан за 2.јуни?

Прашањата се отворени, а се вжештија по синоќешната бурна седница на Извршниот одбор.

Зоран Заев, кој најавил повлекување на својата кандидатира, замоли да не се шпекулира и медиумите да остават СДСМ да си изнајде најдобро решение.

А1он од партиски извори дознава дека Заев бил револтиран од досегашната изборна постапка. Жестока била дебатата околу листата на 705 делегати кои треба да одлучат кој ќе застане на кормилото на партијата.Иако официјално, генералниот секретар одби да го даде списокот на Кире Наумов, еден од кандидатите, медиумите дојдоа до имињата. Посочуваат дека на списокот се блиски луѓе и роднини на Бранко Црвенковски и на неговиот најблизок соработник, Наташа Савова.
Членовите и симпатизерите на СДСМ се дополнително во недоумица. По најавата на Црвенковски дека нема да се кандидира, ниту да прифати некој да го кандидира, почна постапка за негова поддршка. Се собираат потписи а тој јавно не излезе да им објасни дали се повлекува дефинитивно. Според некои внатре партиски непотврдени информации поддршката од Црвенковски ја ужива кандидатот Игор Ивановски, иако Ивановски кој во вторникот беше гостин во емисијата „Јади бурек“, ова го демантираше.
Партиски извори за порталот Фактор, велат дека доколку Црвенковски навистина е решен да го напушти кормилото на партијата, тогаш нека остави низ еден демократски процес да се избере нов лидер на партијата, така што на многу едноставен и елегантен начин ќе ја отфрли иницијативата и јавно ќе соопшти дека нема намера да се кандидира за лидер на партијата.

Дополнително, се дознава за тензии на седниците на месните одбори.

„Членови на СДСМ од месните одбори реагираат и на иницијата за Црвенковски, велат дека голем дел од луѓето кои се потпишале на иницијативата, всушност и не знаеле дека тоа е иницијатива, туку се потпишувале на лист хартија за кој мислеле дека само се потпишуваат за присутност на седница, а не и за иницијатива“, пишува „Фактор“.

Дел од членството, кое не сака јавно да говори предупредуваше дека скопското крило нема да дозволи Заев и Шеќеринска да ја раководат партијата и дека се плетат интриги и валкани игри.
Сето ова велат, нема да ја крене на нозе партијата по неколкуте изборни порази.

На социјалните мрежи едни ги се коментираат состојбите и кавгите во СДСМ, бараат јасен став од Црвенковски, други пак велат, Црвенковски бил и ќе биде единствен лидер.
„Избори за претседател на СДСМ. Потребен е надзор од родител-старател“, ова е коментарот на познат твитерџија.
На потег овој пат е СДСМ.

Редакција А1он

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски