СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Од:

Собранието мора да одлучува за мигрантите а не општините. Премиерот Христијан Мицкоски со денови одбива да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за граѓаните да бидат сигурни дека мигранти за пари во Македонија нема да има. Но, наместо одговор го гледаме секој ден како се мачи со изговорите. Сега Мицкоски најавува некои локални иницијативи на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини, велат од СДСМ.

„Зошто Мицкоски не го споменува Собранието туку зборува за општини? Ако не знае, Собранието е највисокиот орган на една држава. Го сочинуваат пратеници директно избрани од народот. Затоа Резолуцијата е народен договор, бидејќи пратениците се овластени од страна на народот. Собранието е над општините и може да спречи мигранти на целата територијата на Македонија.

Добро е што не кажа Мицкоски дека ќе иницираат документи во некоја Месна заедница. Уште еднаш го повикуваме премиерот Мицкоски да каже дали ќе ја потпише Резолуцијата? Само да одговори ДА или НЕ, толку кратко и толку едноставно. Еве не мора на СДСМ, нека им одговори на граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести