СДСМ: Потрчкото Мицкоски не успеа да ги одбрани криминалите на Мијалков

Од:

„Докажаниот губитник, Христијан Мицкоски, не успева да ги одбрани криминалците во редовите на својата партија.

Мицкоски кој е единствен на браникот на криминалот, нижи порази и од граѓаните и од правдата.

Последниот негов пораз е неуспехот прво да го одбрани криминалот а потоа и да се дистанцира од Сашо Мијалков, човекот кој заедно со Груевски го постави Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, велат СДСМ.

„Граѓаните точно знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Извршената правда врз Мијалков е директен пораз за остатоците на режимот, за Мицкоски и врвот на партијата, како единствени кои се на браникот на криминалот и кои работат против правдата и владеење на правото.

Затоа нервозата кај Мицкоски и во белиот дворец расте, затоа ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он