А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска,  граѓаните нема да дозволат враќање на режимот

by А1он23/04/2019 - 16:00143
Share0

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал…. тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата. Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски, соопшти СДСМ.

Добивај вести на вибер

“Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси,
криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите. Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти.

Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник. Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред.”, е наведено во соопштението на СДСМ.

izborisdsmvmro

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Горан Наумовски20/02/2026 - 16:48

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 14:0220/02/2026 - 19:41

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:38

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен