А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

by А1он03/01/2026 - 11:18268
Share0

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска поднесе четврта по ред претставка до Здружението на новинарите на Македонија и Советот на честа при ЗНМ, поради повеќекратно прекршување на Кодексот на новинарите од страна на Бранко Героски.

Добивај вести на вибер

Последниот случај, колумна на Героски, објавена на 31.12.2025 година на порталот Плусинфо.мк со наслов „Скотови од кланот Дубаи, опасен сум и вооружен до заби – моите оружја се упорноста, знаењето и зборовите!“.

Станува збор за текст кој не претставува ниту новинарски коментар, ниту критички став во јавен интерес, туку отворена злоупотреба на медиумот за лична и политичка пресметка, исполнета со навреди, деградирачки квалификации, заканувачка реторика и говор што симулира насилство.

Иако авторот формално тврди дека не се заканува, во текстот континуирано користи милитантна и насилна лексика, вклучително и формулации како:

• „опасен сум и вооружен до заби“,
• „ве чекам на нишан“,
• „орен за борба“,
• „зборовите кршат коски“.

Ваквиот дискурс, особено во политички и општествен контекст, не е метафоричка игра, туку свесна стратегија на заплашување, застрашување и демонстрација на моќ, што е спротивно на основната улога на новинарот во демократско општество.

Со тоа е прекршен член 10 од Кодексот, кој експлицитно забранува говор што поттикнува на насилство или го нормализира.

Дополнително, текстот содржи простачки навреди, понижувања и лични дискредитации насочени кон СДСМ, нејзиното раководство и членство, со што е флагрантно прекршен член 15 од Кодексот, кој налага негување на културата на јавниот говор и професионалната етика.

• „скотови“,
• „ступиден пријавувач“,
• „Лажна и ступидна“
• „неписмените од СДСМ“,
• „глупандерски соопштенија“, како и лични дискредитации и исмевање.

Наместо аргументирана јавна дебата, колумната е претворена во личен памфлет за дискредитација и исмевање, што претставува и прекршување на член 16 од Кодексот, кој забранува користење на медиумот за лични и политички пресметки. Притоа, намерно се мешаат факти и мислења, што е спротивно на основните стандарди на одговорно информирање.

Особено загрижувачки е делот во кој се врши јавен притисок врз институциите, со непримерно обраќање кон раководството на МВР и симулирање институционални постапки, со што дополнително се поткопува довербата во владеењето на правото.

Ова не е изолиран случај, туку континуитет на недолично и неетичко однесување.

Молкот или релативизирањето на ваквите појави значи нивна нормализација и директен удар врз јавниот дискурс и достоинството на новинарската професија за што СДСМ бара соодветна реакција од Советот на честа при ЗНМ, се вели во соопштението од СДСМ.

branko gerovskimakedonijasdsmznm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:43

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Горан Наумовски13/02/2026 - 09:45

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

Горан Наумовски13/02/2026 - 07:27

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски13/02/2026 - 06:3113/02/2026 - 06:32

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен