СДСМ: Почеток на преговори со ЕУ, почнува ново поглавје од македонската историја

Од:

Започнува ново поглавје од македонската историја. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија. По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите со ЕУ велат од СДСМ.

– Европската унија со одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел ја отвори врата за нашата држава. Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ. СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет. Со приклучувањето кон големото европско семејство се отвораат нови перспективи за државата и за граѓаните, забрзан развој, просперитет и стабилност. Имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да градиме и да оставиме на идните генерации се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!