СДСМ побара информација за бруталниот упад на полициските сили во библиотеката

Од:

На денешната седница на Советот на град Скопје, советничката група на СДСМ и коалицијата побара да се стават две нови точки на дневниот ред.

Прво, советничка група на СДСМ и коалицијата побара информација од градоначалникот Коце Трајановски и директорот на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Бранко Цветковски, информација во врска со бруталниот упад на полициските сили во библиотеката во текот на вчерашниот ден.

Второ, беше побарана и точка на дневен ред за информација за состојбата со протестите во средните училишта.

Коце Трајановски и ВМРО ДПМНЕ, сакајќи да ја сокријат вистината, ги одбија двете предлог точки на дневен ред.

Наместо директорот на градската библиотека Браќа Миладиновци да дојде на седницата на советот, онаму каде што му е местото, и да даде информација за случувањата со бруталниот упад на полицијата, тој на кукавички начин се реши да даде изјава за медиумите некаде надвор.

Ниту Цветковски, ниту Трајановски, ниту пак советниците од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, немаа лице да дискутираат во врска бруталниот упад на полицијата. Бегаат од дебата како и вообичаено.

Но бегање нема. Коце Трајановски и ВМРО ДПМНЕ не можат да избегнат соочување со вистината за Македонија.

Имајќи ги предвид интересите на граѓаните советничката група на СДСМ и коалицијата ќе ги постави овие две точки на дневен на следната седница на советот на Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“