СДСМ: По деценија игнорирање активно се работи на обезбедување чист воздух

Од:

„11-годишното игнорирање на аерозагадувањето од страна на ВМРО ДПМНЕ придонесе тоа да стане огромен проблем.

После деценија игнорирање Владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции на локално и национално ниво постојано преземаат низа мерки за справување со долгогодишниот проблем со загадувањето.

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје продолжи во општината Сараj. Претходно такви акции имаше и во Карпош, Бутел, Аеродром и Бит пазар.

Планот е до крајот на годинава да се подигнат и реконструираат околу 130.000 квадратни метри зелени површини од страна на Град Скопје што претставува рекордна површина уредена во една календарска година.

Набавката на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје и автобуси со еколошко гориво за Прилеп и во Битола, субвенциите за електрични и хибридни автомобили, субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори се само дел од мерките кои се превземат со цел намалување на аерозагадувањето.

Покрај справување со загадувањето, владата предводена од СДСМ, останува посветена на заштита на животната средина . По речиси четири децении од почетокот на неговата изградба, Владата го презема колекторот за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води, како нужна интервенција со оглед на тоа дека колекторскиот систем е во тешка состојба и итно е потребна негова санација, за да може да си ја врши функцијата.

За таа цел ќе се формира јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Поради сложеноста на проблемот со загадувањето, со сеопфатен пристап и со вклученост на сите надлежни институции и низа мерки се прават максимални напори за решавање на проблемот со загадувањето и на локално ниво и на ниво на цела држава.

Целта е намалување на загадувањето за 50 отсто за две години, а на ниво на држава од 30-50 отсто“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС