СДСМ: Пет факти за дебаклот на Мицкоски на Самитот на ЕПП

Од:

„Најмалку 5 факти од Самитот на ЕПП во Загреб го потврдуваат дебаклот на лажниот патриотизам и лицемерието на Христијан Мицкоски:

1) Додека дома Мицксоки вели дека не го признава уставното име на државата,нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Северна Македонија

2) Во Резолуција од загрепскиот самит на ЕПП, се констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка – што е уште еден врел шамар за Мицкоски.

3) Мицкоски го прифати Договорот со соседна Бугарија на средба со премиерот Борисов „без дилеми“.

4). Сининим за лажна вест и лажен патриот е самиот Христијан Мицкоски, чиракот на Никола Груевски од Будимпешта.

5) За дебакалот и поразот на неговиот лажен патриотизам Мицкоски вината да си ја побара кај себе“, велат од СДСМ.

„Тоа не го покрива ниту едно бледо соопштение ниту една празна прес конференција од скапоцениот дворец.

Мицкоски да излезе и да каже кого лажеше, домашната јавност дека Договорот со Бугарија е капитулантски или бугарскиот премиер Борисов на кого му порача дека го поддржува Договорот?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тодоров до Мицкоски: Додека јас се борев против Заев, ти градеше хидроцентрали – оди си

Кристијан Ландов

СДСМ: Патот на правдата е чист, Мицкоски, потрчкото на Мијалков и Груевски, не успеа да ги одбрани криминалите во своите редови

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Со тоа што не набави вакцини против корона Филипче ги осуди граѓаните на смрт

Ана Ололовска

Мицкоски за интерпелацијата на Спасовски: Ќе ги поддржиме Алијанса и Алтернатива и ќе му изгласаме недоверба

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кузеска: Пропаѓаат сите обиди на потрчкото Мицкоски да ја спречи правдата, случајот со Мијалков е негов последен дебакл

Ана Ололовска

СДСМ: Скандалозно е да блокираш одржување попис по 19 години, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го споделат повикот за ангажирање попишувачи

Ана Ололовска