СДСМ: Пет факти за дебаклот на Мицкоски на Самитот на ЕПП

Од:

„Најмалку 5 факти од Самитот на ЕПП во Загреб го потврдуваат дебаклот на лажниот патриотизам и лицемерието на Христијан Мицкоски:

1) Додека дома Мицксоки вели дека не го признава уставното име на државата,нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Северна Македонија

2) Во Резолуција од загрепскиот самит на ЕПП, се констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка – што е уште еден врел шамар за Мицкоски.

3) Мицкоски го прифати Договорот со соседна Бугарија на средба со премиерот Борисов „без дилеми“.

4). Сининим за лажна вест и лажен патриот е самиот Христијан Мицкоски, чиракот на Никола Груевски од Будимпешта.

5) За дебакалот и поразот на неговиот лажен патриотизам Мицкоски вината да си ја побара кај себе“, велат од СДСМ.

„Тоа не го покрива ниту едно бледо соопштение ниту една празна прес конференција од скапоцениот дворец.

Мицкоски да излезе и да каже кого лажеше, домашната јавност дека Договорот со Бугарија е капитулантски или бугарскиот премиер Борисов на кого му порача дека го поддржува Договорот?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста