СДСМ: Пецаков по стапките на Мицкоски, не почитува закони и протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните во време на пандемија

Од:

„Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен настан, на одбележувањето на православниот празник Водици“, соопшти СДСМ.

„Ова е неодговорно, незрело и опасно постапување на Пецаков кој во време на пандемија свесно го загрозува јавното здравје.

Вака слично, на почетокот на пандемијата со коронавирусот, се однесуваше и Христијан Мицкоски кој не почитуваше мерки за заштита и свесно кршеше здравствени протоколи.

Очигледно дека во ВМРО-ДПМНЕ присутна е една иста матрица – по секоја цена да не се почитуваат законите и протоколите за заштита на јавното здравје.

Неколку денови по ред, Пецаков, наместо да понесе морална и лична одговорност, тој бара изговори и се служи со манипулации, само за да ја покрие својата неодговорност.

Надлежните институции мора целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите, а Пецаков да одговара за своите постапки“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица