СДСМ: Партизацијата беше заштитен знак за ВМРО-ДПМНЕ, Планот 3-6-9 обезбедува професионални државни институции

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Саше Павловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Партизацијата на државните институции и поклопувањето на државата од страна на партијата беше заштитен знак за 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од најочигледните примери за масовна партизација беше Министерството за внатрешни работи кое според признанието на тогашната министерка Гордана Јанкуловска, ВМРО-ДПМНЕ го претвори во МВРО-ВМРО.

Од сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби и масовна партизација, од институциите направи сервис за остварување на интересите и желбите на Никола Груевски и неговите соработници. Токму таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите и граѓаните ја направи Македонија заробена држава и ја оддалечи од евро-атлантските процеси.

Владата предводена од СДСМ започна со процес на ослободување на заробените институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на владиниот реформски План 3-6–9 започнуваат сериозни реформи во судството, медиумите, безбедносните служби, борбата против корупцијата, во јавната администрација и изборното законодавство, согласно препораките на ОБСЕ, ОДИХР и останати релевантни меѓународни институции. Ќе има целосна професионализација на државните институции кои ќе работат единствено во интерес на граѓаните и никогаш повеќе ниту едно министерство, ниту една институција нема да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар