СДСМ: Отворен јавниот повик за самокандидирање за градоначалници

Од:

Во тек е внатрепартиска постапка за номинирање на кандидати за градоначалници и советници во општините и Градот Скопје од редовите на СДСМ. Нашата цел е да ги избереме најдобрите кандидати за секоја општина. Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори објави организацискиот секретар на партијата Мартин Попов.

„Повикот со сите детали е достапен на веб страната на СДСМ уште од денеска а од утре излегува и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик. Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто.Дел од новитетите е што од секој кандидат бараме да достави и Детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или град Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ“ -рече Попов.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!