СДСМ: Осудениот криминалец Никола Груевски потврди дека е лажго и кукавица

Од:

„Никола Груевски е лицето, името и презимето на целокупното криминално зло што 11 години ја уништуваше Република Македонија.

Македонија и многу нејзини генерации, пред се млади, преспскапо ја чинеше криминалното владеење на режимот на Никола Груевски којшто од земјава направи заробена држава а граѓаните ги осиромаши, ги остави без пари и без иднина.

Сиот криминал, сите можни злоупотреби на институциите, на судовите, на се што можело да се злоупотреби, јавноста го дозна преку објавувањето на „Вистината за Македонија“.

Таа болна вистина за режимот на Никола Груевски се потврдува секој ден.

Криминалецот Никола Груевски е осуден со правосилна судска пресуда, преку транспарентна законска и регуларна постапка а против него се водат уште четири случаи за незаконско постапување.

Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди дека не е ништо друго освен кукавица и лажен патриот кој се обидува на секој можен начин да избега од правдата.

Кукавичкото бегство и барањето азил нема да го спасат Никола Груевски од одговорност за неговите незаконски постапувања.

Согласно меѓународното право, криминалецот бегалец Груевски ќе биде вратен за да ја отслужи правосилно изречената казна затвор, но и да одговара за останатите сторени дела коишто ќе се докажат на суд.

Македонија е правна држава во која законите владеат подеднакво за сите и некој нема да избега од одговорност.

Оние што го бранат неговиот криминал, како пионот Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМОР-ДПМНЕ, мора да знаат дека нема да го одбранат криминалот на кукавицата, ниту пак ќе го спасат од одговорност.

Правда ќе има. Никола Груевски може да биде сигурен само во тоа“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка