СДСМ Охрид: Власта на ВМРО-ДПМНЕ со својот игнорантски однос го кочеше спортскиот развој

Од:

„Локалната власт во заминување предводена од ВМРО – ДПМНЕ, не само што не го придвижи спортот напред, туку со својот игнорантски однос само го кочеше спортскиот развој. За жал, спортските клубови и спортските работници беа оставени сами на себе да се снаоѓаат.

Огромен дел од помошта која ја имаа клубовите и спортските работници, изостана со преземањето на локалната власт од страна на Бакрачески и неговите помошници. Сите добро се сеќаваат дека беше укинат превозот за спортските екипи, кој беше клучната алка во егзистенцијата на клубовите, па истите мораа да се снаоѓаат преку спонзори или родителите на спортистите да го покриваат гостувањето од свој џеб.

Главниот објект околу кој треба да се организира спортското живеење во градов, салата во СРЦ „Билјанини Извори“, во повеќе наврати, беше нефункционална поради тоа што беа исклучувани од напојување со електрична енергија за неплатени долгови, а директорот на ЈП „Билјанини Извори“ во исто време лажеше дека не биле исклучувани од ЕВН.

Таквите приказни не поминуваа кај дечињата од спортските школи кои мораа, без греење и осветлување да ги држат своите тренинзи.

Преку нејасни критериуми беа доделувани субвенции за користење на терените на СРЦ „Билјанини Извори“, па на повеќето клубови им беа намалени за три до четири пати. Нејасно е зошто клубовите мораа да членуваат во едно здружение, како услов за да учествуваат на конкурсот за користење на спортските терени.

Целосно беа заборавени водените спортови по кои Охрид беше претпознатлив. Училишниот спорт, кој е база за пронаоѓање на таленти и база за комплетен правилен физички развој на децата беше комплетно заборавен, со исклучок на последната година и тоа на притисок на тогашните опозициони советници. Не ја видовме стратегијата за развој на спортот, која ВМРО – ДПМНЕ ја најавуваше пред доаѓањето на власт. Наместо стратегија, имаме многу згаснати клубови.

Новата локална власт ќе има посебен пристап кон спортот. Охрид мора да го заживее спортот и да го издигне на едно повисоко ниво како што заслужува. На спортот мора да му се пристапи со искрена желба и мотивација за развој, а не да биде алка за собирање ситни политички поени како што беше во изминативе четири години“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус