СДСМ Охрид: Бакрачески и ДПМНЕ сакаат да остават тотален хаос по нивното заминување

Од:

„Очигледно локалната власт во заминување, предводена од Бакрачески и ДПМНЕ, по теркот на нивниот лидер, Груевски, сака по нивното заминување да остави тотален хаос. Јасно е дека тие никогаш не се грижеле за потребите на граѓаните, но апсолутната негрижа за учениците говори за нивното лицемерие и безобразие. На само неколку дена до почетокот на новата учебна година, учениците во основно образование кои досега го користеа организираниот превоз, сега ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат бидејќи Бакрачески и неговите експерти, навремено не избрале превозник кој ќе го спроведува тој превоз.

Оваа неспособна локална власт веројатно преокупирана со партиските приоритети, директно е најодговорна за тоа што оваа учебна година, образовните институции ќе ја започнат неподготвени. Тие мислат дека со бојадисувањето на училниците и бришење прашина од клупите ја завршиле работата и подготвени се да ги примат учениците.

Го потсетуваме Бакрачески дека според Член 61 од Законот за основно образование
цитираме: „ (1) Ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште. “

Се чини дека Бакрачески и оваа локална самоуправа се премногу блиску до локалните избори, за да се грижат за тоа како од 4ти септември ќе доаѓаат на училиште овие деца.

Ваквото однесување е крајно неодговорно и непрофесионално. Граѓаните се свесни и ќе ја казнат оваа локална власт за ваквата негрижа на престојните локални избори. По 15ти октомври, во Охрид ќе имаме нова локална власт предводена од Социјалдемократскиот Сојуз, власт која ќе се грижи за унапредување на образовниот процес и максимална грижа за сите ученици“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски