СДСМ: Одговорноста за скандалот со медицинскиот отпад води до луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, на Груевски и неговиот извршител Мицкоски

Од:

„Фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани.

Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски.

Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска“, велат од СДСМ.

„Горан Ангелов долги години беше директор на Дрисла, го примал инфицираниот отпад да се депонира, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен градоначалник и кандидат за претседател од оваа партија во 2019 година.

Затоа извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните и природата.

Кадрите на Груевски и извршителот Мицкоски кои со години терале бизниси на сметка на здравјето на луѓето и животната средина мора да понесат одговороност. Исто и оние кои го заташкувале случајот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он