СДСМ: Одговорноста за скандалот со медицинскиот отпад е во ВМРО-ДПМНЕ, извршителот на Груевски, Мицкоски не може да побегне од тоа

Од:

„Ниту една празна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие вистината дека фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани.

Ниту Министерството за одбрана е на Радмила Шекеринска, ниту Министерството за здравство е на Венко Филипче па тие лично да даваат тендери некому. Тоа беше пракса во време на владеењето на Груевски, па очигледно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ така го учеле.

Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски“, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорот на Еко клуб е кадар на Греувски, директорот на Дрисла кој примал несоодтветно третиран опасен отпад бил Горан Ангелов исто кадар на груевски и некогашен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.

Оваа мрежа составена од лица од ВМРО-ДПМНЕ со години свесно и заради профит ги труеле граѓаните и ја загрозувале животната средина.

Затоа извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и раководството во белиот дворец очајно се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека токму ВМРО-ДПМНЕ е најодговорна за овој скандал“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски