СДСМ: Очигледен е стравот од неуспех кај ВМРО-ДПМНЕ од предвремени брзи избори

Од:

„Најцрните страници од македонската историја се напишани токму од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното 11 годишно владеење, остави огромни последици и врз државата и врз граѓаните.

Изолирана држава скарана со соседите ,економија во пад, осиромашување на граѓаните, а друга страна грабање од граѓаните и лично богатење .

Тоа е сликата која ја остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе. За само две години СДСМ преку политиките кои ги води, реши повеќедецениски спор, гради пријателски односи со сите соседи, економијата не само што ја стабилизира туку и таа денес е во раст, со бројни мерки го подигна животниот стандард и го врати достоинството на граѓаните.

Граѓаните ги препознаа заложбите на СДСМ, затоа и тогаш и дадоа силна подршка и тоа ќе го направат повторно.

Очигледен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е колку се уплашени од предвремени брзи избори.

Втор ден не смеат да гукнат за брзи избори. Но, едно е јасно нема враќање на блокадите и деструкцијата на штета на државата и граѓаните.

Нашата држава тргна напред и ќе продолжи кон патот на евроинтеграцијата , затоа што тоа е местото кое го заслужува. Тоа е иднината која и претстои“, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните