СДСМ: Очајнички чекори на ВМРО-ДПМНЕ пред извесниот пораз што им следува во Град Скопје и Карпош

Од:

Од СДСМ реагираат на денешната прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

„Соочено со извесниот пораз што им претстои како во Град Скопје така и во Карпош, безидејното ВМРО-ДПМНЕ презема очајнички потези со цел да го ублажи поразот колку што може.

Откако со денови ја манипулираа јавноста со лажни вести и конструкции за наводни скандали за реконструкција на водоводна мрежи, денес од ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат неосновани кривични пријави како очајнички чекор за ублажување на поразот.

Реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и градежните стандарди и нормативи, а градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно склучен посебен договор.

Но тоа сепак не го спречува ВМРО-ДПМНЕ да објавува фабрикувани, нецелосни и непотпишани документи кои не се однесуваат на предметната јавна набавка.

Конструкции, лажни вести и дезинформации се сè што нуди ВМРО-ДПМНЕ. Со таква понуда можат да очекуваат единствено на пораз како во Град Скопје така и во најголем дел од општините“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме