СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Од:

Во обид да се испере за скандалозната одлука за куќен притвор на Артан Груби, Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски. Министерството за внатрешни работи, раководено од Панче Тошковски од ВМРО-ОКГ, и Агенцијата за национална безбедност, раководена од Бојан Христовски исто така од ВМРО-ОКГ, дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор. Не е прашањето дали државата не може да гарантира безбедност во притвор, велат од СДСМ.

– Ова е уште една потврда дека сè е договорено одапред. Режираното сценрио за реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ се случува пред очите на јавноста. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби? Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.

На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова. Доаѓањето на Груби е очигледно временски темпирано, прво да се преземе целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ. Сега коцките на целото режирано сценариот се немастени. Тошковски и Христовски од ВМРО-ОКГ даваат проценка, обвинители назначени од ВМРО-ОКГ реализираат. Граѓаните конечно гледаат сè и знаат. Мицкоски треба да излезе и да одговори што треба ДУИ да добие за возврат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски