СДСМ: Образованието треба да се потпира и да ги користи искуствата на успешните европски образовни модели

Од:

Комисијата за образование и наука на СДСМ, одржа тематска Конференција на тема “Состојбите во образованието – каде понатаму“, на којашто учествуваа претставници од повеќе општински организации на СДСМ.

Се разговараше за решенија за клучните проблеми во образованието, поврзани со наставната програма во основните и во средните училишта, проблемот со неквалитетните учебници, моделите на евалуација и на оценување, несоодветното финансирање на науката и целосно нарушената автономија на универзитетот.

Констатирано е дека нашиот образовен систем треба да се потпира и да ги користи искуствата на успешните европски образовни модели, прилагодени на автентичните карактеристики за нашата земја.

Секое покрупно решение во образованието треба да има холистичка димензија, како дел од единствен и интегриран образовен систем.

Ова е прв вид на ваква активност на Комисијата за образование и наука, да се дебатира и да се утврдуваат квалитетни предлог решенија на ниво на конференција. Во наредниот период вакви тематски конференции Комисијата за образование ќе одржи во повеќе градови низ Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар