А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

by А1он07/06/2025 - 14:51255
Share0

Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои локалната власт. И По 4 години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените 4 нови градинки. Ови градинки беа првиот од 7-те топ приоритети на Муцунски и Митески во програмата со кои ја освоија довербата на нашите сограѓани од Аеродром.

Добивај вести на вибер

Митески и Муцунски ветија целосно нови градинки во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, но еве, четири години подоцна, ниту една од овие ветени градинки до денес не е ни започната со градба, рече Бојан Василевски ОО СДСМ Аеродром.

Околу 700 дечиња годишно се на листа за чекање за упис во градинка, заради недостатокот на места во градинките во Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром покажа целосна незаинтересираност за решавање на овој проблем.

youtube.com/watch?v=aRRlerLESOg&feature=youtu.be

Единствениот објект на градинка кој се гради во моментов во Стар Аеродром е со 70.000.000 денари, средства обезбедени од Владата на СДСМ во 2024 година.

Само за споредба, кога со Општина Аеродром управуваше СДСМ се изградија 2 нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца. Целосно нов објект Црвенкапа во Стар Аеродром со капацитет од 200 деца и целосно нов објект Буба Мара во Ново Лисиче со капацитет од исто така 200 деца.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ за 4 години?

Точно НУЛА нови градинки во Аеродром! Цел мандат до преспаа!

Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:

Каде е ветената градинка во Острово во близина на ОУ „Браќа Миладиновци“?

Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?

Каде е ветената градинка на последна 17-ка во Тодор Чангов?

Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?

Полни усти со ветувања пред избори, НУЛА реализација на крајот на мандатот.

Вака ли ќе ги лажете граѓаните и годинава?

Не ли ви е барем малку срам повторно да барате доверба од граѓаните годинава?

Времето на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истекува. Граѓаните бараат промени.

За ваквата неспособност некој мора да понесе одговорност! Дејан Митески не заслужува повторно да биде градоначалник во Аеродром!

gradinkiopstina aerodromsdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Предраг Петровиќ16/02/2026 - 20:57

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он14/02/2026 - 14:0814/02/2026 - 14:09

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он14/02/2026 - 10:2214/02/2026 - 10:56

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он14/02/2026 - 09:45

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен