СДСМ: Новата страница за иднината е веќе свртена

Од:

Очигледно е дека граѓаните на Република Македонија имаат се помалку трпение.

Граѓаните сакаат сигурна иднина, просперитет, стабилност, економски напредок, слобода, правда, се вели во соопштението на СДСМ.

Новата страна за иднината, за враќање на слободата, демократијата и правдата е веќе свртена.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Со отворањето на Вистината за Македонија го покажа вистинското лице на криминалната власт на Никола Груевски.

Повторно одговорно, како што му доликува на овој трпелив, но храбар народ и како што и доликува на СДСМ, заедно со граѓаните ја поведе битката за човековите, уставните и државните вредности во Македонија.

Денеска, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата.

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Затоа што Македонија, слободата и правдата немаат цена.

Или Груевски или Македонија, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус