СДСМ: Нова исчадена петарда на режимските портали кои штанцаат фабрикувани случаи на ВМРО-ДПМНЕ, токму Груевски ги украде изборите во 2014

Од:

„Нова исчадена петарда од режимските портали. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи нема што да им понуди на граѓаните, па се обидува да манипулира на најнизок начин преку наклонетите на нив портали .

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи.

Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не го процесирало, туку напротив не превзело ништо.

Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последните локални и претседателски избори и ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

Поразот на овој тандем ќе биде потврден на слободните и демократски избори на 12 април. Граѓаните ќе им кажат „не“ на обновата на режимот и враќањето на заробената држава!

Граѓаните нема да ги поддржат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он