СДСМ: Нов дебакл на губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, нивното лицемерие е препознаено и казнето од граѓаните

Од:

СДСМ со соопштение реагира на одржаниот втор протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата, обвинувајќи ја опозициската партија за лицемерје, затоа што на протестот имало скапи автомобили, а се протестира на социјална тема.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Нов дебакл на очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски. Откако видоа дека граѓаните не им даваат поддршка на нивните лицемерни протести, денеска срамот од слабата поддршка се обидоа да го сокријат со наводен протест, и тоа со нивните луксузни автомобили.

Скапите автомобили кои денеска граѓаните ги видоа се уште една потврда за вистинското, лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ и поразениот Мицкоски.

Не постои поголем показател за нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Организира таканаречени протести за цената на електричната енергија, кога токму оваа партија во своето владеење ја зголеми за 100 отсто цената на електричната енергија и ја укина евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.

Тоа го покажуваат и официјалните податоци за цената на киловат електрична енергија. Таа во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта изнесувала 2.62 денари по киловат час во скапа и 1,31 денари по киловат час во евтина тарифа. Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 5,54 денари и не постои евтина тарифа.

Со доаѓањето на СДСМ, со одговорно работење, просечно македонско домаќинство има помали сметки односно заштедува над 300 денари месечно само со враќање на евтината тарифа.

Мицкоски не разбира ниту математика, ниту енергетика и не му се воопшто важни граѓаните, тој мисли само да си ја зачува партиската фотелја.

Затоа беше три пати по ред казнуван на фер, слободни и демократски избори и затоа уште долго останува во опозиција“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“