СДСМ: Никола Груевски е веќе минато

Од:

„Долгиот и здодевен говор на Никола Груевски е пример што зборуваат изгубени политичари на коишто времето им поминало а ги чека соочување со правдата и казната од граѓаните.
 
Човекот кој ја втурна Македонија во длабока политичка, економска и државна криза, ги потценува граѓаните до тој степен што своето криминално владеење и начин на работа сака да го оправда со измислени заговори.
 
Со денешните сценарија за „напади со специјални средства“ Груевски покажа дека тој стои зад срамното обраќање на лицето Ѓорге Иванов пред два дена.
 
Граѓаните знаат, криминалната структура на власт е најсериозната опасност за Македонија и најголемата опструкција за нејзината иднина!
 
Нападите врз Специјално јавно обвинителство го потврдуваат стравот кај Груевски од враќањето на правдата и докажува дека тој стои зад сите хајки против оваа независна институција.
 
Но правда ќе има. Младите се на нозе. Македонија се крена. Го живее оваа земја раѓањето на новото сонце на слободата и вистинската моќ на граѓанскиот активизам.
 
Македонија бара демократски промени на фер избори и тие ќе се случат.
 
626.312 граѓани ја напуштиле Македонија, пред се млади, образовани луѓе. Тоа се 626.312 тешки човечки судбини коишто најсилно говорат за последиците од погрешните, криминални политики.
 
Младинската невработеност изнесува над 50 проценти. Студентскиот стандард е многу низок, а студентите буквално преживуваат во ужасно лошите услови во студентските домови. За 10 години не е изграден ниту еден студетски дом.
 
Како синоним за корупција, криминално владеење и промашени економски политики Никола Груевски е последниот што може да зборува за вработувања и инвестиции.
 
Граѓаните ги паметат 8-те милијарди евра странски инвестиции коишто ги вети Груевски а никогаш не се реализираа.  Паметат за лагите на Груевски и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Трувју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб… коишто никогаш не се реализираа.
 
На прво место во изминатите 10 години на Никола Груевски не му беше државата туку личното богатење на фамилијата, парцелите на Водно, провизиите, тендерите за споменици тешки 630 илјади евра…
 
Затоа никој не му верува на Никола Груевски. Ниту чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ коишто се погласно зборуваат за негова одговорност.
 
Ќе ја плати Никола Груевски цената и пред лицето на правдата и пред граѓаните на слободни, фер и кредибилни избори од коишто толку многу се плаши.
 
Доаѓа времето на демократски промени на фер избори, со исполнување на сите услови.
 
Никола Груевски е веќе минато“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски