СДСМ: Независноста на медиуми е врвна демократска вредност, очекуваме конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи

Од:

„По година и половина блокада на носење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по година и половина од држење во заложништво на медиумите, добро е што ВМРО-ДПМНЕ реши да биде конструктивна и да ги одблокира неопходните законски решенија.

Очекуваме најавената конструктивност на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи и во процесот на носење на Законот, во неговата имплементација и изборот на телата на АВМУ.

Независноста на медиумите и достигнување на највисоки професионални стандарди се значајна демократска вредност и придобивка за сите граѓани.

СДСМ останува посветена на спроведувањето на реформите што гарантираат слободни, независни и професионални медиуми“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски