СДСМ: Незаконски поставениот генерален секретар на Град Скопја да поднесе оставка

Од:

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го поставија за Секретар на Градот Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, избран од граѓаните на последните локални избори велат од СДСМ.

– Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како Советник. Ова не е само неетички, туку е и спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Затоа ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за ова очигледно непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции, а Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски треба да си даде оставка од позицијата секретар на Град Скопје. Сега на листата неуспеси и промашувања на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ по шест месеци мандат, се додава и непочитување на законските прописи и норми се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците