СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Срамната и скандалозна е прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – журка која се одржа додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани. Срамно е што на оваа прослава се аплаудираше на говор полн со омраза од премиерот Мицкоски, насочен кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани, велат од СДСМ.

„Дополнително, беа употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани што ја зави државата во црно. Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС?

Кој ја набавил и ја дистриубуирал? Зошто МВР молчи? Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите? Согласно новиот закон, членот 31 предвидува казни и одговорност за употреба на пиротехнички средства на овој начин. СДСМ бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи, казни и одговорност согласно законите, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат