СДСМ: Невообичаено е претседател и премиер за кратко одвоено да посетуваат иста земја

Од:

Невообичаена дипломатска практика е во една недела и претседателот и премиерот на една држава да имаат две одвоени посети на една земја, велат од СДСМ, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не замине на прославата на 100-годишнината од албанската независност во среда во Тирана.

„Но, она што дополнително не е јасно во целата оваа работа е како тоа Иванов планирал да присуствува во Тирана на прославата на стогодишнината на албанското знаме и албанската држава, а кога се организираше истовремено таква една прослава во Скопје, тој како домаќин не оствари средба ниту со премиерот на Албанија, ниту со премиерот на Косово?”, изјави Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“