А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ откако Народна банка ги откри лагите

by А1он01/04/2016 - 19:3884
Share0

„Народна банка ги разоткри лагите на Груевски за нови странски инвестиции, оттаму е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Само 1.98 милиони евра странски директни инвестиции има во јануари.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се тие што 10 години спроведуваат првоаприлска економска политика со којашто 10 години ги лажат граѓаните за виртуелни вработувања и виртуелни инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да објаснат зошто со криминално-тендерските политики ја бутнаа Македонија на дното во регионот по странски директни инвестиции?

Следете a1on на Youtube YouTube

ВМРО ДПМНЕ наместо да ги фали виртуелните политики на Груевски веднаш да објасни зошто триесет вработени остануваат на улица во Веибо?

ВМРО ДПМНЕ ќе сноси одговорност за незрелите политики на Груевски кој потроши милиони евра субвенции дадени од џебот на граѓаните за инвеститори кои никогаш не отпочнале со работа во Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ должат одговори за затворената фабрика за чипс во битолско, затворената фирма Продис, затворената фабрика Улак амбалаж, заминатата компанија Индо минерали и метали, непостоечките туристички комплекси и крави на Субрата Рој, криминалното досие на странски инвеститор кој никогаш не изгради фабрика за печурки во Свети Николе, празната писта за неслетаниот инвеститор во Ранковце…

Крајот на виртуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ се ближи.

Доаѓа одговорна влада на СДСМ којашто обезбедува реални странски инвестиции коишто ќе отворат нови реални работни места. Странските инвестиции ќе бидат дополнување на домашните претпријатија, а не нивна замена како што е сега“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео