СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Од:

СДСМ е обединета и силна партија, која издржала и време и невреме, која издржала и добро и лошо и партија која секогаш останала на браникот на татковината.
Активно работиме на терен и се мобилизираме за парламентарните избори. Дел од граѓаните кои решиле да не излезат на изборите очекуваме да гласаат во вториот круг претседателски и на парламентарните избори. Нема откажување. СДСМ им подава рака и ги повикува сите прогресивни сили на мобилизација на 8 мај, велат од СДСМ.

-Да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби. Да не дозволиме некој нов 27 април или 24 декември, масовно прислушување, тефтерчиња, МВРО, да не дозволиме да се вратат пресметки со неистомисленици, закани и уцени, полициски упади во медиуми, затворање на новинари…Тоа е можно со целосна мобилизација на сите прогресивни сили и глас за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски на изборите на 8 мај – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус