СДСМ: Нема одговор од „Република“ како се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра

Од:

„Нема одговор од „Република“ на кој начин се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра.

Дали и „Република“ ќе молчи по ова прашање како и „Курир“?

Официјалните документи на Централен регистар потврдуваат дека неделникот „Република“ во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварил приходи во висина од 1,1 милиони евра за период од три години.

Како „Република“ остварила приход од над 1,1 милиони евра?
*
Молкот за овие големи приходи отвараат сериозен сомнеж за начинот на којшто се финансира и овој провладин неделник.

Ако се земе предвид приходот на Курир од 1.3 милиони евра, тогаш само овие два провладини медиуми, “Курир” и “Република” оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Транспарентноста во работењето, објективноста и неселективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Јавноста очекува „Република“ да одговори како се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар