СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Од:

Пет тони дрога завршила во соседна Србија преку Македонија, косопственик од македонска фрима е меѓу уапсените а власта молчи за овој картелски скандал. Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога? Нема одговори ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот познат како Симе, уапсен во друг случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари, велат од СДСМ.

– СДСМ со денови алармира за поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија. Со секој нов ден власта на ВМРО тоне сѐ подлабоко во скандали, криминал и корупција. Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра. А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзвуваат крај со крај. Како во мафијашки филм, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар