СДСМ: Нема да гласаме за законот за одговорност за клевета и навреда

Од:

Предложениот Закон за граѓанска одговорност за клеветата и навредата ја разбрануваа медиумската јавност.

Владата во предложениот законски текст понуди повеќе спорни одредби кои во целост ги оправдуваат сомневањата на јавноста дека затскривајќи се зад процесот на декриминализација на клеветата и навредата, власта всушност си создава нови механизми да ги цензурира и контролира медиумите.

Воведување на драконски казни за медиумот, уредникот и новинарот, ставањето на рака и врз интернет порталите, воведувањето на можност со судска одлука да се забрани времено да се пишуваат новинарски прилози на одредена тема, преставуваат ново загрозување на демократските медиумски слободи во земјата.

Дополнително, во законот нема дефиниција што точно владата подразбира под интернет провајдер и во каква постапка ќе се утврдува евентуалната одговорност за информативните содржини кои ќе циркулираат на интернет.

СДСМ генерално ја подржува декриминализацијата на клеветата и навредата, но нема да бидеме соучесници во владините намери дополнително да ги ограничат новинарските права и медиумските слободи.

Затоа, ја користиме оваа прилика да информираме дека поднесовме амандмани со кои бараме намалување на максималната казна од 27 илјади евра на 2 илјади и 700 евра, бришење на членот од законот кој овозможува цензурирање на новинарски текстови и амандман за дефинирање на евентуалната одговорност на интернет порталите.

Очекуваме од владејачкото мнозинство или да понуди подобар текст на законот или да ги прифати нашите амандмани.

Неприфаќањето на аманданите уште еднаш ќе ги потврди намерите на власта по секоја цена да ги затвори сите можности за објективна и критичка опсервација на нејзините политики.

Доколку власта не ги прифати амандманите, во втората фаза СДСМ нема да го гласа законот за граѓанска одговорност за клеветата и навредата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“