СДСМ не му се извинува на Љутков, велат ја објавиле вистината

Од:

СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината. Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати на културните работници за Велигден кои тој ги остави сами себе, велат од партијата.

– Или очекува да му се извинуваме што ја соопштивме болната вистина за непочитување на колективниот договор ,според кој платите се зголемија само за 5,5 %, а требаше многу повеќе? Дали Љутков очекува да му се извинуваме и затоа што го фативме жив на егзотичните патувања вредни над 50.000 евра, пари на граѓаните? Или за неговото незаконско работење со унапредувања на негови блиски? Дали очекува извинување затоа што објавивме низата скандали со државната секретарка Ѓоргова или за плановите за продажба на културното наследство? Или мисли дека некој треба да му се извини затоа што Љутков нема објавено никаква стратегија или план за развој за културата и туризмот. Она што го говори СДСМ е апсолутна вистина и затоа ги објавуваме документите кои го потврдуваат кажаното. Очекуваме надлежните институции веднаш да преземат мерки за санкционирање. Ние ќе продолжиме да ги објавуваме сите незаконски постапки, сите аздисувања на Љутков и гласно ќе говорите за неговата неспособност, се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија