А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Наместо несериозни предлози, Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ

by А1он02/12/2019 - 09:40154
Share0

„Наместо да измислува и да пласира несериозни предлози кои се во функција на одбрана на криминал, Христијан Мицкоски треба јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Најважно е да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле, а не кој со што ќе се занима.

Со поднесување на автентичното толкување во Собранието СДСМ се бори за правда, за одговорност, за спречување на можноста од враќање на незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

Барањето поднесено од СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување ги спречува обидите на остатоците од режимот и сваровски судството за избегнување на правдата и го затвора целосно прашањето со незаконската аболиција на Ѓорге Иванов“, соопштуваат од СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Јавноста знае дека срамна и незаконска аболиција на Иванов е производ на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста знае дека оваа партија никогаш не се изјасни против и силно ја бранеше кога граѓаните протестираа на улиците.

Јасно е дека зад случувањата диригирани од остатотците на „заробената држава“ во судството, заедно со последните најави од Уставниот суд, стои ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и криминалната банда.

СДСМ нема да дозволи никакви амнестии. Пред граѓаните ветивме правда и правиме се правдата да биде задоволена за секого подеднакво“, се вели во соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:13

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео