А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Наместо 3.000 сега 73.500 деца ќе користат детски додаток

by А1он22/05/2019 - 09:25288
Share0

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го изгласа пакетот на закони со кои се заокружува социјалната реформа која има за цел трајно да извлекува од сиромаштија.

Добивај вести на вибер

Со социјалната реформа пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати повеќе деца. Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца сега ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образовниот додаок отсега ќе имаат 64.136 деца, наместо 3.800 деца како досега.

Со ова опфатот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток се зголемува за 20 пати. Оваа мерка има за цел извлекување од детска сиромаштија.

Паричната помош за семејствата од ранливите категории се зголемува и до 300 отсто, а првите исплати на зголемената парична помош се очекуваат веќе од идниот месец.

Со трите закони, за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица се прави целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита, конечно се воведува социјална правда што е основата на секое здраво и напредно општество.

Зборот е збор, продолжуваме да ги реализираме мерките од Програмата. Како одговорна партија, остануваме посветени на мерките што обезбедуваат намалување на сиромаштијата, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Градиме фер и праведно општество на еднакви можности за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

mtspsdsmsocijala

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен