СДСМ: Над 1000 припадници на МВР за јануари ќе добијат надомест за домашно дежурство

Од:

Од СДСМ преку соопштение велат дека продолжуваат со создавање на подобри услови за работа на полицијата и подобри услуги за граѓаните.

„Новиот Колективен договор постигнат со дијалог меѓу Министерството за внатрешни работи и репрезентативниот Македонски полициски синдикат обезбедува квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди, неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.

Како што е договорено, за прв пат над 1000 припадници на МВР за месец јануари ќе земат надомест за домашно дежурство.

На вкупно 1008 припадници на МВР со платата за февруари ќе им биде исплатен надоместот за домашно дежурство, во вкупна вредност од 1.400.000 денари.

Во изминатиот период континуирано растат платите, се исплаќаат бонуси за прекувремена работа, реконструирани се педесетина објекти на МВР низ целата државата, набавени се нови возила, опрема, униформи.

СДСМ обезбедува подобри услови за работа на полицијата, затоа што само задоволна, мотивирана полиција може да биде ефикасен сервис на граѓаните и чувар на законите“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци