СДСМ: На граѓаните им треба чист воздух

Од:

„Граѓаните на Македонија буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички, а Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ и натаму само немо ја следат состојбата.

Недозволиво е да се игнорира вака значајна тема поврзан со здравјето на граѓаните.

Во Скопје повторно загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките изнесува фрапантни 11 пати над дозволеното. Во Тетово 8 пати, додека во Кичево и Битола високата концетрација на штетните и канцерогени честитки изнесува речиси 5 пати над дозволената граница.

Загадување 20 и 21 декември 2015 година_Page_1

Амбулантите се преполни со болни деца и возрасни граѓани поради проблеми со дишните патишта.

Во Македонија има дури 1.350 смртни случаи поради загаден воздух а Никола Груевски цели 10 години не превзема ништо.

До Никола Груевски не допира гласот на граѓаните. За Никола Груевски овие податоци се само обична бројка, затоа што тој мисли само на своето богатење и бизнисите на фамилијата.

Загадување 20 и 21 декември 2015 година_Page_2

За намалување на загаденоста овие мерки треба веднаш да се спроведат:

– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.

– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.

Загадување 20 и 21 декември 2015 година_Page_3

– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.

– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.

Само со сериозен и одговорен пристап може да се променат работите во интерс на граѓаните.

На граѓаните им треба чист воздух, а не валканите политики на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Загадување 20 и 21 декември 2015 година_Page_4

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто